Игор Луковиќ
меѓународен вински судија и главен уредник на Вино и Фино
Игор Луковиќ е вински критичар, писател и новинар од Србија, кој е во светот на виното од 2003та година. Тој е главен и одговорен уредник на винското списание “Вино и фино”, како и соработник во многу други списанија чија главна тема е виното и храната.
Игор е претседател на Здружението на сомелиери на Војводина и директор на Здружението на сомелиери на Србија. Освен тоа активно се бави со едукација и обуки на тема вино, консултантство и менаџмент на настани и е интернационален вински судија. Живее и работи на релација Белград- Нови Сад. Неговите почетоци во винскиот бизнис се како сопственик и главен уредник на списанијата “Гурман” и “Гастро Свет”, по што станува генерален менаџер на компанијата “Винодром” која се занимава со увоз и дистрибуција на вино. |