Д-р Дане Јованов
генерален директор на Puklavec Family Wines Македонија
Дане Јованов е генерален директор на винаријата Puklavec Family Wines Македонија, како и главен енолог на Puklavec Family Wines холдингот за црвени и пенливи вина. Дане е најмладиот и единствен доктор по енологија во Република Македонија. Има работено како главен енолог и генерален директор во винаријата Стоби и како енолог во винаријата Бовин.
Дане е вински судија кој учествувал на познати меѓународни вински натпревари како што се Berlin Wine Trophy, Vino Ljubljana и Mundus Vini. Тој исто така има работено во повеќе винарии во Италија и Словенија, каде се стекнува со огромно искуство. |